Балкан

Банкарскиот сектор на Црна Гора добро се справува со последиците од коронакризата

Банкарскиот сектор реагираше многу квалитетно и навремено на пандемијата на коронавирусот, вели банкарскиот правобранител Халил Калач, кој смета дека Црна Гора може да се справи со последиците од кризата.

Излезот од кризата го гледа во синергијата на банкарскиот сектор со другите сектори преку мораториум 2, реструктуирање на постојните кредити и одобрување нови, кои мора да бидат поповолни.

Со оглед дека станува збор за криза поголема од онаа во 2008 година, Калач смета дека Црна Гора треба да направи сé за да ги спречи последиците од оваа криза.

– Еден од секторите што игра многу важна улога е банкарството. Постојат методологии од претходната криза и она што треба да го направи банката е мораториум на кредитни обврски, реструктуирање на постојните и одобрување нови заеми по нешто поповолни услови – изјави Калач за РТЦГ.

Според него, сите мора да работат за да го задржат банкарскиот сектор во позитивна сфера, затоа што тоа, како што рече, влијае на се останато.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Албанија ги затвора сите гранични премини и авиосообраќајот со Грција

saso user

Маж од Суботица е првиот заразен со коронавирус во Србија

saso user

Албин Курти е новиот косовски премиер

saso user