Бизнис

Јанушев им порача на земјоделците дека ВМРО-ДПМНЕ знае како да им помогне

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3, Игор Јанушев, од општина Чешиново – Облешево, порача дека ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да им се помогне на земјоделците.

– Пред некој ден ме запрашаа кои се трите приоритети за изборната единица 3. Она што тогаш го кажав го повторив  и сега пред жителите на Чешиново – Облешево. Под еден ќе биде земјоделието, инвестициите во земјоделието и она што сакаме да го постигнеме во четиригодишниот мандат е да имаме еден среќен, горд земјоделец кој што ќе живее еден нормален и достоинствен живот. Но достоинствен живот не само за земјоделците, туку за сите граѓани на државата, за сите во Република Македонија. Она што го гледаме исто така во средбите со сограѓаните е огромното незадоволство буквално во секое поле – појасни Јанушев.

Јанушев ги повика од СДСМ да кажат или да посочат барем еден проект, не мора да е од земјоделието туку од кое било поле со кој што тие може да се пофалат.

– Нешто што сами го направиле, го смислиле, го финансирале или барем го започнале. Но за жал, такво нешто не постои. Ова се убедливо најнеспособните луѓе, еден од тие најнеспособни е токму Љупчо Николовски. Тоа е човек кој нема ништо направено за државата, единствено е што тој и другите од СДСМ мислат на своите лични интереси. И токму затоа и ќе паднат – потенцираше Јанушев.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поедноставени извозни постапки во е-трговијата, за што повеќе македонски производи на странски пазари!

saso user

Протокол за работни места: Миење раце, дезинфицирање, без прегрнување и физичко растојание меѓу вработените

saso user

Анѓушев од самитот во Солун: Зајакнувањето на политичката соработка, носи и економски бенефити за регионот

saso user