Здравје Македонија Топ вести

(Галерија) Младите лекари од Охрид на интерактивна трибина со министерот Филипче

Министерот за здравство во владата на Република Северна Македонија Венко Филипче, денес во Охрид оддржува панел трибина со лекари специјализанти од Охрид.Последните две години во Македонија нема невработен лекар или над 900 лекари се вработени.Ако до пред 3 години за сите лекари предизвик беше кој прв да ја напушти Македонија и да замине во стрснство ,сега таков случај немаме , напротив и тие лекари кој заминаа во странство , поголем дел од нив се вратија во татковината.Министерството за здравство посебен акцент става на младите лекари ,кој се столбот на здравствениот систем , нивната едукација и усовршување.До пред 3 години специјализантите се соочуваа со потпишување на лихварски договори , потпишувања на нотарски акти , меници и слично,за што беа принудувани специјализантите да се снаоѓаат.Денес имаме нова реалност , зголемени плати на здравствените работници,кој веќе се приближни на оние кој се основни лекарски плати и во една Германија (1500 еур), младите лекари се усовршуваат по најновите светски здравстени протоколи, добиваат високо квалитетни ментори со цел да се пренсе знаењето од поискусните лекари, зголемени се додатоците за дежурства на целокупниот медицински и помошен персонал,доколку во минатоот под дежурство се рачунаше само недела и државен празник , денес имаме нова реалност , поточно во дежурства се рачунаат деновите сабота, недела, и државни празници.Лекарот има одговорна и крајно хумана  професија ,неговиот труд мора да му биде платен.

Малдите лекари на денешната панел дискусија со министерот Венко Филипче , ги изнесуваат своите мислења и отворено го прашуваат за сите проблеми,медицинската фела сплотена во непосреден разговор.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кампот на Треска ќе воскресне во викенд населба со хотел и спортско-рекреативен центар

saso user

Затворска казна за сторителите на дела против здравјето на луѓето

saso user

Јазбец: Човеково право е чистиот воздух кој го нема во Скопје и во Тетово

saso user