Видео Македонија Топ вести

(Галерија-Видео) Министерот Венко Филипче ја посети болницата во Охрид

Министерот за задравство доцент доктор Венко Филипче , денес ја посети ЈЗУ Општа Болница Охрид.Министерот Филипче беше дочекан од директорот на охридската болница Др Горан Балев и од голем број вработени лекари и медицински сестри во охридската болница.Мнинистерот Филипче најповеќе даде акцент на непосреден разговор со лекарите и медицинските сестри во охридската болница , третирањето на пациентите со Ковид19,како и за сите тековни проблеми кој ги има билницата и медицинскиот персонал.

Филипче јасно им укажа дека Ковид 19 уште долго време ќе преставува реалност , дека сега се вршат помасовни тестирања и од тука потекнува поголемата бројка на инфицирани лица.Филипче се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал при ЈЗУ Општа Болница Охрид ,за нивната совесна и стручна борба против Ковид 19, нивната пожртвуваност која трае веќе 4 месеци и истакна дека Охридската Болница е пример ,како може една болница да се справи со сите предизвици.

 

„Ние интензивно работевме изминатите две години, многу луѓе се примија во болницата во Охрид. Над 70 здравствени работници, од кои 17 лекари кои се веќе пратени на специјализација. Со тоа покажавме дека водиме сметка за јавното здравство, пред сѐ за еден од најзначајни сегменти во јавното здравство, а тоа се луѓето, докторите, медицинските сестри и останатиот помошен медицински персонал. Тие се столбот на здравствениот систем, а здравствениот систем, како и досега, но сега е уште повеќе видливо е столбот на државата“, изјави министерот Филипче.

„Болницата во Охрид е еден од регионалните центри. Уште на самиот почеток се одвои еден дел од болницата, но и експерти, специјалисти, инфектолози кои ќе работат со ковид пациенти. Имаме секојдневна комуникација во однос на трансферот и префрлувањето на пациентите по потреба од една во друга болничка установа, како и трансфер на пациенти во клиниките во Скопје, се разбира за оние потешки случаи. Сакам да им изразам голема благодарност и да упатам честитки пред сé затоа што многу брзо се престроија за време на почетокот на оваа криза, нешто за што ниту еден здравствен систем во светот не очекувал, не бил подготвен дека ќе се случи. Ние покажавме дека можеме за многу кратко време со таква прераспределба на кадар и подготовка на капацитетите на болницата да одговориме на овие предизвици. “, изјави министерот Филипче.

Повеќе од приложеното видео:

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Верушевски ќе добие 42.000 евра отштета од државата за 11 месеци во затвор

saso user

Полицаец прегазил колега со „хермелин“ во касарната „Ѓорче Петров“

saso user

Тачи побара војската да ги обезбедува институциите, оти лекарите се офицери во војната

saso user