Досие Топ вести

СКАНДАЛ: АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ КРИМИНАЛНО СО ФАМИЛИЈАРНАТА ФИРМА КАЛАПЕЛ МИЛИОНИ, УНИШТУВАЛ ЦЕЛИ КОМПАНИИ ЗА ЛИЧЕН ИНТЕРЕС?!

Додека потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на листа Александар Николовски, на граѓаните на РСМ им продава чесност и морал, неговата фамилијарна фирма ЗАМА Николовски Зоран СООЕЛ Увоз Извоз Село Велгошти Охрид, месечно оставарува листи приходи во виснина од 50.000 евра.

НИКОЛОВСКИ ПОСЕДУВА ДИВОГРАДБИ НА ОБАЛАТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО??

Николовски кој секојдневно години наназад, а сега зачестено не ги вади од уста фамилијата Заеви и СДСМ, во стилот за да се сокрие криминалецот, секогаш да се повикува на други, неосновано, Николовски вешто сака по секоја цена да избегне да биде остранета неговата фамилијарна дивоградба лоцирана во туристичката населба Свети Стефан, на самата обала на Охридското ЕЗеро, каде Николовски заедно со неговиот татко Зоран Николовски присвоиле 2000 мкв атрактивно државно земјиште, на кое изградиле во 2010 година ексклузивен маркет и шанк за послужување на храна и пијалоци, но и присвоиле и голем дел од плажата, на која поставиле урбана опрема!? За да има фамилијарната фирма на Николовски супер добивка, во 2020 година Општина Охрид на тој потег во туристичката населба Свети Стефан во акција која тогаш ја спроведе градежниот испекторат, ги отстрани сите времени објекти, кој беа лоцирани на тој потег, додека во време на акцијата за остранување на времените објекти Николовски ја градеше својата дивоградба, која градба беше обезбедувана тогаш од страна на полициски службеници, или полицијата во тоа време асистирала безбедно да се гради дивоградбата на семејството на Алексадар Николовски?!

Од како на тоа место изникна доградба на Хотел „Швајцарија“ и продавницата на Николовски „Зама“, веднаш на другата страна на објектот изникнаа шанкови, кој се во сопственост на познати припадници на охридската полиција, нели цело е кога има за сите?! Николовски си доби дел од бесправно изграден Хотел „Швајцарија“ и новоизграден маркет на топ локација, како и голем дел од обалата на Охридското Езеро, додека оние кој беа заштитници во градење на дивоградбата на Николовски, истите си добрија сразмерна дивоградбена корист!

КОЈА Е ПОВРЗАНОСТА НА СЕМЕЈНАТА ФИРМА НА НИКОЛОВСКИ СО ЏОЈСОН СЕФТИ СИСТЕМС – КИЧЕВО?

Трагајќи по матните бизниси на Александар Николовски до апсењето на Велија Рамковски и затворањето на наговта фирма „Хедис“, фамилијарната фирма на Николовски била едни од најголемите коминтенти на „Хедис“ во Охрид! Во маркетите  на Николовски на сека страна биле светлосните реклами на „Хедис“, но по згаснувањето на „Хедис“, останале нплатени и побарувањата кој „Хедис“ ги имал кон фамилијарната фирма на Николовски ?

До 2002 година семејството Николовски преставувале едни од највидните членови на СДСМ во Охрид.Во 1998 година за време на парламентарните избори во Охрид, таткото на Николовски Зоран. во населбата Христо Узунов во Охрид ги пресекол доводните кабли за струја за време на митингот кој тогаш го одржувал ВМРО ДПМНЕ во оваа урбана заедница….

Фамилијарната фирма „ЗАМА“ на фамилијта на Александар Николовски се појавува и како добавуваќ на храна на странската инвестиуција во РСМ, лоцирана во индустриската Зона во Кичево за производство на сигурносни појаси  „Џојсон сејфти системс“-Кичево. Според нашите сознанија фамилијарната фирма на Николовски „ЗАМА“, месечно за снабдување на храна за вработените преку Кетеринг фирма од Скопје, инкасира 15.000 евра за испорака на оброци за вработените!

Се обидовме да воспоставиме телефонски контакт со одговорните лица на Џојсон сејфти системс-Кичево, но и покрај упорноста на телефонскиот број на компанијата Џојсон сејфти системс-Кичево 045 273 907 , не добивме повратен одговор!

Дневно во фабриката Џојсон сејфти системс“-Кичево се испорачуваат 1500 оброци за вработените во оваа фабрика.

За да се отвори фабриката Џојсон сејфти системс“-Кичево, мора да се напомене дека најнапред во Македонија присилно беа затворени две реномирани фабрики за прозиводство на сигурносни појаси. Фабриката „АМАК СП“ Охрид, која имаше 2000 вработени и која на светски рамки имаше 11% од вкупниот број на вградени сигурносни појаси и втората „Сипо“-Белчишта, која имаше 200 вработени и 3% од светскиот пазар на вградени сигурносни појаси. Пред отворањето на Џојсон сејфти системс“-Кичево и фабриката „АМАК СП“Охрид и фабриката „СИПО“Белчишта, од тогашната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, експресно низ сумнителни судски постапки, без право на жалби, беа вметнати во Стечај а покасно и во ликвидација, се со цел „преродбениците“ на Груевски на чело со Александар Николовски и Антонио Милишевски да ги доведеат наводните странски компании Џојсон сејфти системс“-Кичево?! Колкава била провизијата од странската компанија Џојсон сејфти системс“, за да останат на улица 2400 семејства и да се затворат две европски реномирани компании, за да се отвори една „преродбеничка“, секако дека треба да испита Обвинителството за гонње на организиран криминал и ваисока корупција на РСМ.

Александар Николовски, не случајно избега да не биде ностител на 5-та изборна единица, избега од своите сограѓани на Охрид и Дебарца, зошто и самиот добро знае, дека во 5-та изборна единица ќе доживееше вистинско фијаско.

Николовски по онаа народната, си знае дека ниту во село не го сакаат, а тој замина во Струмица по ќерката на попот?!

Николовски поседува уште една кондиртрска фабрика во Охрид, за производство на кондиторски производи, се онака тајно, далеку од очите на јавноста си го менаџира фамилијарниот бизнис…,тој си калапи, народ го лажи?!

Сашо Денеосвски -Лично

Галерија на дивоградбите и бизнис зделките на Николовски Александар

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

50.000 маски и 10.000 дезифициенси од амбасадата на САД за изборите

saso user

Тевдовски: За да нема злоупотреби угостителите и обложувалниците ќе имаат ограничување за издавање сторна сметка

ohrid_user

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Сакаме да Ви кажеме,но подобро ќе Ви биде кога ќе Ве лажеме !?

saso user