Свет

Си-Ен-Ен: Трамп во телефонските разговори често ги навредува сојузниците, а ги омаловажува лидерките

Во стотина телефонски разговори со светските државници претседателот на САД, Доналд Трамп често беше неподготвен за дискусија на сериозни теми, ги навредуваше главните сојузници на Вашингтон, а често беше надигран од рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори упатени во содржината на разговорите.

– Умилкувајќи му се на Путин, Трамп во разговорите со рускиот лидер делуваше како некој кој повремено игра партија дама, а наспроти себе има шаховски велемајстор – изјави еден од неименуваните извори.

Си-Ен-Ен наведува дека Ердоган имал дозвола да стапи во директен телефонски контакт со Трамп, а претседателот на Турција понекогаш и повеќе од двапати неделно го барал американскиот претседател.

Поради тоа соработниците на Трамп почнале да се сомневаат дека турските разузнавачи во Вашингтон знаеле детали за движењето на американскиот претседател и неговиот дневен распоред.

Изворите за Си-Ен-Ен истакнуваат дека Трамп кога разговарал со жени често ги омаловажувал. На поранешната британска премиерка Тереза Меј и кажал дека е слаба и оти нема храбтост, но ја нарекол и „будала и безрбетник“ поради нејзините ставови за Брегзит, НАТО и имиграцијата.

Додека друг извор за Си-Ен-Ен тврди дека Трамп ја нарекол германската канцеларка Ангела Меркел „глупа“ и ја обвинил дека Русија „ја ставила во џеб“, но таа останала смирена.

Евентуалното детално објавување на содржината на доверливите разговори, на што Трамп има право на вето, би имало катастрофални последици по неговиот углед во јавноста и помеѓу членовите на Конгресот.

Си-Ен-Ен наведува дека Трамп речиси никогаш не ги консултирал материјалите подготвени од ЦИА и Националниот совет за безбедност и за време на разговорите се потпирал на сопствените проценки и настојувал да ги изедначи личните со државните интереси. Тој исто така често самиот се фалел, а ги омаловажувал своите претходници, посебно Џорџ Буш помладиот и Барак Обама.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Могерини: Нов напад на Русија на украинскиот суверенитет

saso user

Десанка Максимовиќ исфрлена од гимназиската програма, не се вклопувала во „рамки на епохата“

saso user

Нов тип на вирусот корона причина за мистериозната болест во Кина

saso user