Балкан

Се разведува популарната Анѓелка Прпиќ од серијата „Андрија и Анѓелка“

Популарната српска актерка Анѓелка Прпиќ (34) се разведува од сопругот Дарио, со кого има син Јаков, дознава неофицијално порталот „Аваз.ба“.

Иако оваа вест сè уште не протекла во јавноста, извор близок на Анѓелка ја пренел оваа информација до „Аваз.ба“.

Како што наведуваат оттаму, двојката не се огласила по тој повод. На прашањето на новинарите во Босна и Херцеговина да ја искоментира веста за разводот, Анѓелка кратко одговорила:

– Немам коментар за тоа – рекла Анѓелка.

Сопругот на Анѓелка, инаку Хрват, поседува ресторан во Белград, а двајцата се во брак од 2011 година.

Во интервјуата често истакнувала дека сопругот ѝ е најголема поддршка, но дека приватниот живот го чува од јавноста и дека не сака нејзиното семејство да се појавува во медиумите.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Морбидни детали од убиството во Србија: Се јавил кај ќерката да каже што направил

saso user

Се укинува capital controls во Грција

saso user

Црна Гора ги затвора границите и училиштата

saso user