Спорт

Рој Кин ќе се врати на тренерството и тоа како селектор на Азербејџан

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и ирската репрезентација, Рој Кин, може да стане селектор на селекцијата на Азербејџан, пренесува англиски „Сан“.

Според изворот, 48-годишниот стратег е подготвен да се врати во тренерството по една година пауза (од јануари до јуни 2019 година, Кин беше асистент во Нотингем Форест). Се соопштува дека Ирецот е приоритетен кандидат за Азербејџанците, но федерацијата сака да добие одговор од Кин во следните 48 часа.

За време на неговата тренерска кариера, Кин успеа да работи како главен тренер во Сандерленд и Ипсвич, а беше асистент во Астон Вила, Нотингем Форест и ирската репрезентација, заедно со Мартин О’Нил.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пјаниќ: Не можам да дочекам да истрчам на „Камп ноу“

saso user

На играчите во Премиер лигата нема да им биде дозволено да прават лизгачки стартови

saso user

Раул Гонзалез повеќе не е селектор на Македонија

ohrid_user