Македонија Урбани вести

Продолжува акцијата рушење на дивоградби ,денес се сотранува Летната тераса ,,Кај Каневче,,

Продолжува акцијата за остранување на дивоизградените објекти долж обалата на Охридското Езеро. Акцијата на Општина Охрид, продолжува со отстранување на дивоизградените платформи во месноста Канео, а денес се постапува во Летната тераса ,,Кај Каневче“. Утре екипите продолжуваат со отстранување на дивите објекти во локалитетот „Потпеш“. Од Општина Охрид упатуваат апел до сопствениците на дивоградбите, да започнат сами да ги отстрануваат нелегалните градби, во спротивно сите предизвикани трошоци, ќе паднат на товар на сопствениците. До крајот на неделава, од Општина Охрид имаат тековен план за отстранување на дивите градби на потег Канео-Ресторан Момир.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина затвореник во притворското одделение

saso user

Спасовски: На владина седница ќе се разговара за можен карантин за Куманово

saso user

Контраверзни изјави на Сиљан Мицевски: Боки 13 имаше реален проект, не ме рекетираше!!

saso user