Спорт

Поранешниот напаѓач на Челзи од следната сезона со Пипо Инзаги во Сериа А

Францускиот напапаѓач и освојувач на премиерлигашката титула со Жозе Мурињо и Челзи, Лоик Реми, од следната сезона ќе го носи дресот на Беневенто. Екипата чиј тренер е Филипо Инзаги, од следната година се враќа во најдобрата италијанска лига и отсега го подготвува тимот кој ќе се бори првенствено што подолго да се задржи во Сериа А.

Според „Скај Италија“, 33 годишниот Реми како слободен играч ќе потпише триогодишен договор со малиот италијански клуб. Сезонава за Лил, Лоик Реми постигна 14 голови во 30 натпревари.

За промоција во Сериа А на Беневенто му треба само еден бод од вечерашниот дуел против Јуве Стабиа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Порано од очекуваното се враќа НБА сезоната

saso user

Лејкерси му оддадоа почит на Коби Брајант ВИДЕО

saso user

Халеп и Квитова со шанси да ја симнат Осака од врвот на ВТА листата по турнирот во Штутгарт

saso user