Бизнис

Поднесени првите барања од мали винарници за регистрација

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска претставници на неколку мали винарници поднесоа барања за упис во Регистарот на производители на вино.

Барањата се доставени до Архивата на МЗШВ, по што претставниците на винариите имаа средба со министерот Трајан Димковски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

Како што објави Димковски на својот фејсбук профил, со измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, се олеснија условите за упис во Регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Измената ќе придонесе за праведност во однос на трошоците за регистрација на винарска визба, односно висината на трошоците да соодветствува со капацитетот за производство.

– Намалувањето на трошоците за регистрација ќе биде мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да можат на легален начин да го пуштат во промет – наведува Димковски.

За полесен пристап до регистрацијата, МЗШВ изготви флаер со чекори до упис во Регистар на производители на вино.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„НБСтат“, нов статистички веб-портал на Народна банка

saso user

Над 4 милиони евра за два месеца државата ќе заштеди од минималецот на функционерите

saso user

„Дрисла“ му се врати на Градот, Шилегов тврди дека депонијата може да носи профит

saso user