Балкан

Пленковиќ: Јавноста нека знае дека СДП е за Тито

Претседателот на опозициската Социјалдемократска партија на Хрватска (СДП),  Давор Бернардиќ во првиот телевизиски дуел со лидерот на Хрватска демократска заедница (ХДЗ ), Андреј Пленковиќ, рече дека кога треба да избере помеѓу Туѓман и Тито, го избира Тито, на што актуелниот премиер реагираше дека „тоа е неверојатно“.

– Во ред, јавноста нека знае дека СДП е за Тито – рече Пленковиќ во синоќешната дебата на  хрватската телевизија РТЛ. 

Пленковиќ рече дека тоа е неверојатно и дека лидерот на СДП „избра диктатор“.

Бернардиќ додаде дека и првиот претседател на самостојна Хрватска, Фрањо Туѓман, како што рече, имал свои заслуги. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Албанија ја погоди нов земјотрес од 4,2 степени

saso user

Бизнисмените Пацоли и Кастрати донираа 2,5 милиони евра за настраданите од земјотресот

saso user

Заев со лидерите на земјите од НАТО на прием кај британската кралица

saso user