Свет

Купете го мирисот на вселената за 15 долари

Ако некогаш сте се прашувале како мириса вселената, новиот парфем може да ви пружи одговор, пренесува Си-ен-ен.

Според хемичарот Стив Пирс, астронаутите мирисаат како „мешавина од барут, бифтек, малини и рум“.
Парфемот „О’д спејс“ (Eau de Space) е негово дело. Како што објави Си-ен-ен, тој е и основач на проектот на НАСА – „Oмега ингридиентс“ од 2008 година.

Вселенска вода „О’д спејс” ќе биде пуштена преку американската асоцијација Кикстартер од Њујорк, поточно Бруклин. Според нивната интернет-страница, производот ќе биде подготвен за достава до октомври 2020 година и ќе чини 15 долари.

Парфемот е создаден 2008 година, првично за помагање на астронаутите во обуката пред лансирањето во орбитата – да се навикнат на миризбата пред вистински да ја почувствуваат вселената.

Стручњаците со години потоа ја усовршувале аромата. Дел е од програмата на НАСА за отстранување на можните изненадувања за астронаутите во вселената.

Пирс во 2008 година бил ангажиран од НАСА за да создаде мирис на вселената и му биле потребни четири години за да успее во тоа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Епидемијата на ковид-19 однесе нови 642 животи во Франција

saso user

Русија ѝ помага на Кина да направи систем за предупредување од ракети

saso user

До 2050 година во светот ќе има 9,7 милијарди жители

saso user