Сцена

Ким Кардашијан продаде дел од компанијата за 200 милиони долари и стана милијардерка

Старлетата Ким Кардашијан Вест продаде удел од 20 отсто во својот козметички бренд „KKW Beauty“ за дури 200 милиони долари.

Купувачот е сопственик на козметичкиот бренд „Covergirl“ – компанијата „Coty3, која се чини дека е обожавател на семејството Кардашијан, бидејќи минатата година купи 51 отсто од сопственоста на козметичкиот бренд на помладата сестра на Ким, Кајли Џенер.

– Ким е вистинска глобална икона на модерното време – рекол извршниот директор на „Коти“, Питер Харф, слично на она што го рекол и за Кајли минатата година.

Ким Кардашијан Вест ја основа компанијата „KKW Beauty“ во 2017 година, која произведува шминка и парфеми.

39-годишната ѕвезда ќе продолжи да ја промовира „KKW Beauty“ и да помогне во креирањето на новите производи.

„Коти“ планира да го прошири брендот во повеќе земји низ светот, а можеби и во други категории, како што се производи за нега на лице и тело.

Продажбата ја прави Ким најбогата членка на семејството Кардашијан-Џенер, претекнувајќи ја сестрата Кајли Џенер, која продаде 51 отсто удел од нејзиниот бизнис, „Кајли козметика“, исто така на „Коти“ во јануари.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лагерфелд почина од рак на панкреасот

saso user

Шинејд О’Конор пак шокира: Принс се обиде да ме претепа додека беше на тешки дроги! ФОТО

saso user

Холивудскиот актер „мртов“ пијан направи скандал на Вимблдон! ВИДЕО

saso user