Спорт

Кавани повеќе не е „мета“ на „јорганџиите“

Атлетико Мадрид повеќе не го интересира уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани. Ова го пренесуваат шпанските медиуми. Денес завршува договорот на играчот со ПСЖ, по што тој ќе стане слободен агент.

Според „АС“, овој пат „јорганџиите“ не размислуваат за негов ангажман.

Уругваецот беше главната цел на Атлетико во зимскиот преоден рок, но се соочи со многу високи финансиски барања од агентот и негов брат.

Сега главниот кандидат за нов клуб на фудбалерот е Рома. За него исто така е заинтересиран и Интер.

Во сезоната 2019/20 година, 33-годишниот Кавани настапи на 22 натпревари за ПСЖ, постигна седум голови и забележа три асистенции.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се одложува и Големата награда на Азербејџан

saso user

Најбогатиот човек во Велика Британија ја купи Ница за рекорден износ во Лига 1

saso user

Ширер: Салах е големиот проблем за Ливерпул

saso user