Македонија Топ вести

Заев до Мицкоски: Ако вие бидете премиер, тогаш Груевски е ситен џепарош

Не дај Боже македонскиот народ да ви даде шанса да водите држава, бидејќи тогаш Никола Груевски ќе биде ситен џепарош за вас, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обраќајќи му се на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сите тие криминални пари коишто ги земате од разни бандити од криминалното владеење на Груевски, чиј советник бевте токму вие, апсолутно се пари за партијата и за вас. Со такви пари ги плаќате глупавите спотови и стотиците билборди низ државата. Само пусти пари ве интересираат и ништо друго – рече Заев.

Мицкоски, пак, му одговори оти не очекувал дека на толку ниско ниво ќе се спушти денешната дебата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Видео) Осум полицајци уапсија едно момче и едно куче, браво бе Наќе !?

saso user

Филипче: Почина 66 годишната пациентка од Дебар

saso user

„Еко клуб“ од Битола ќе ги чисти автопатиштата во Македонија

saso user