Македонија Топ вести

Заев: Спремен сум да му отстапам 13 пратеници на Мицкоски за тој да формира малцинска Влада

Сум докажал дека немам предрасуди за етничката припадност на било кој граѓанин или кандидат за премиер, бидејќи за мене постојат само квалитетни и неквалитетни луѓе, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прашањето дали за него е прифатлив кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери.

– Со пратенчката група на СДСМ не може ДУИ да биде во Влада со ваков услов или уцена. Верувам дека можеме да дојдеме до 60 и повеќе пратеници, но со уцена да биде ДУИ во Влада, а нивниот кандидат да биде пратеник, апсолутно е неприфатливо. Нема да дозволиме да бидеме под уцена. Јас сум кандидатот за премиер и јас ќе бидат идниот премиер. Јас сум подготвен да му отстапам 13 пратеници на Мицкоски за тој да формира малцинска Влада. Никој не смее под уцени да преговара – рече Заев.

Мицкоски на ова му порача на Заев да ја остави математиката на математичарите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нова Платформа од „СН Брокер“ Drive Drive Car 

saso user

Заев тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ем „мрчи“ ем „цепидлачи“

saso user

Кандидатите за градоначалник на Дебар дадоа чесен збор за фер плеј

saso user