Сцена

Дизајнерката која ја нарекуваат „вампир“ поради младешкиот изглед, наврши 71 година ФОТО

Славната дизајнерка Вера Венг го прослави својот 71-ти роденден во текот на викендот, а фановите не престануваат да коментираат за нејзиниот младешки изглед под фотографиите што ги објавила.

Дизајнерката позирала во хеланки и топ, а ноктите ги налакирала во боите на виножитото, и така ја обележала и Pride (Гордост), со што ѝ дала поддршка на ЛГБТ заедницата.

Објавата доби десетици илјади лајкови и стотици коментари, а повеќето беа заинтересирани за тоа како го одржува својот изглед.

„Човеку, па таа има 70 години“, „Не е можно да има 70 години“, „ Изгледаш вечно млада и привлечна, како успеваш во тоа“; „ Како “, „ Вера Венг сигурно е вампир“, се ределе коментарите под објавата.

Венг сподели порака на Твитер во која им се заблагодари на обожавателите.

„Благодарам за убавите роденденскии желби. Да… Имам 71 година и се забавувам”.

Дизајнерката исто така неодамна ја откри и тајната на добриот изглед.

„Работа, спиење, коктел од вотка коктел и избегнување сонце“, ѝ одговорила славната дизајнерка на една обожавателка.

Инаку, Вера Венг е најпозната по своите уникатни венчаници. Секоја идна невеста сонува да облече венчаница со потпис на оваа дизајнерка.

 

FOTO: Instagram

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонскиот фудбалер Митревски се ожени со хрватската пејачка Лана Јурчевиќ ФОТО

saso user

Јелена Јованова стана мајка

saso user

Неверојатна страст помеѓу Мадона и Малума во спотот за песната „Меделин“ ВИДЕО

saso user