Балкан

Грција е подготвена за отворање на туристичката сезона

Направивме најдобра можна подготовка, нема отстапки во прашањата поврзани со безбедноста и јавното здравје, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната владина седница, говорејќи за почетокот на туристичката сезона, јави дописничката на МИА од Атина.

На безбедноста на граѓаните и заштитата на јавното здравје се задржа и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај’’.

Тој рече дека се преземени сите неопходни мерки за да може земјата да ја гарантира безбедноста и на туристите и на локалното население, но и на туристичките работници.

– За нас, од стратешка важност се и економијата и туризмот, но секогаш со главен приоритет здравјето, јавното здравје, безбедноста на граѓаните. Ова е динамичен начин како ќе одиме напред, ќе тестираме, ќе собираме податоци – рече Кикиљас.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Црна Гора: Уапсени 16 лица на 17 локации, меѓу кои и мајката и братучедот на пратеникот Кнежевиќ

saso user

Ципрас: Ако Мицотакис сака да има гледаност, да дојде во студио кога сум и јас таму

saso user

Исповед на таткото чија ќерка беше убиена, па запалена: Морав да продолжам поради син ми

saso user