Култура

Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез пијанист

Музичарот Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електрично пијано, која му беше доделена на 41. издание на Годишните награди на џез-радиостаници *41. Annual Jazz Station Awards).

Исто така, во категоријата „Најдобра џез-група“, „Васил Хаџиманов бенд“ го освои второто место, пишува порталот „Балканрок“.

Меѓу другите победници се наоѓаат врвни џез-музичари како Рон Картер, Марк Копланд, Чик Кореја, Ренди Брејкер, Дејв Либман и многу други.

Зад оваа награда стои Арналдо Десутеиро, кој е џез-новинар, продуцент, историчар, предавач и продуцент на повеќе од 830 џез-композиции, наведува „Балканрок“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се одржа првиот музички хепенинг на покривот на Џевахир скај сити

saso user

„Казахстанскиот Тутанкамон“ во Археолошкиот музеј

saso user

Гала концерт и изложба за 70 години постоење на балетот

saso user