Македонија Топ вести

Антонио Милошоски хоспитализиран на Инфективната клиника

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во последниот парламентарен состав и кандидат за пратеник од оваа партија во петтата изборна единица, Антонијо Милошоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, дознава „360 степени“.

Според информациите на порталот, тој е примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов е стабилна.

Пред 4 дена мајката на Милошоски, која е медицинска сестра, објави дека е позитивна на ковид-19, а тој посочи дека поради контакт со неа му е одредена изолација до 6 јули до кога треба да направи два теста.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Стасуваат 500 реагенси за коронавирус, во меѓувреме мијте раце и варете го убаво месото

saso user

И германската Амбасада реагира на изјавата на Мицкоски за Нирнбершките процеси

saso user

Хелсиншки комитет бара казни за кршењето на прописите за безбедност и здравје при работа за намалување на црниот биланс

saso user