Македонија

АВМУ: Казни за радиодифузерите кои ќе пуштаат политички спотови во кои има деца

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020 година повторно констатираше дека одредени телевизии емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) во кое има малолетници, што е спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик.

– Имајќи предвид дека радиодифузерите се одговорни за законитоста на содржините кои ги емитуваат, Агенцијата предупредува дека, од утре, секое емитување на ППР во кое има малолетници ќе биде предмет на прекршочна постапка – се вели во соопштението на АВМУ

За да се избегнат ваквите случаи, апелираме радиодифузерите внимателно да ги прегледуваат сите содржини, а оние кои не се во согласност со Изборниот законик и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да одбијат да ги емитуваат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дескоска: „Рекет“ само го збрза интегрирањето на СЈО и Јавното обвинителство

saso user

Спасовски: Имате Гугл и пребарајте што е скандал, па ќе научите

saso user

Героски: Пропагандата на СДСМ и на Катица Јанева во спрега со Миленко!

saso user