Балкан

Mожно враќање на карантинот во некои места во Косово

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 во земјата е алармантна и најави дека, поради големиот пораст на бројот на заболени, можно е одредени места повторно да се стават во карантин, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на новинарите по состанокот со Комитетот за справување со пандемијата, Хоти рече дека надлежните власти ја разгледуваат можноста за карантинирање на некои од местата каде што последните денови се појавија голем број заразени од новиот коронавирус.

Според косовскиот премиер, ситуацијата е се уште под контрола, но е  мошне кревка, поради што се потребни максимални напори од сите надлежни за да се запре моменталниот тренд на ширење на пандемијата.

– Разговараме за карантинирање таму каде што има најмногу случаи. Треба да ги регулираме малку подобро погребните церемонии. Полицијата ќе ги добие сите потребни овластувања, најави Хоти.

Тој рече дека се ставени во функција сите ресурси, а нагласи дека состојбата е посебно тешка во инфективните клиники.

– Имаме 49 смртни случаи. Инфективната клиника (во Приштина) е преполнета и нема веќе места за пациенти. Се создаваат места на други клиники. Мерките се едноставни: носење маски, одржување дистанца и миење на рацето. Обврзани сме да ги почитуваме, порача Хоти, најавувајќи казнување на сите кои не ги почитуваат упаствата и препораките на здравствените власти.

Министерот за здравство Арменд Земај рече дека е ангажиран сиот здравствен потенцијал за менаџирање на ситуацијата.

Според него, третата фаза на постепено отворање на економијата резултира со пораст на случаите на заразени, за што најмногу придонело непочитувањето на мерките од страна на бизнисите.

– Подготвуваме и нова стратегија на тестирања. Ќе се започне со масовни тестирања. Министерството со сиот свој капацитет чини се што е можно за да се вратиме назад со мерки, рече Земај.

Досега во Косово се регистрирани 2.677 случаи на заразени од новиот коронавирус, од кои активни се 1.203.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Репортажа на Дојче Веле: Загреб во двојна вонредна состојба

saso user

Тахири: Таксата е единствената која ја блокира идејата за промена на границата

saso user

Расте бројот на жртви и потврдени случаи на коронавирусот во Грција, вкупно 32 починати, над 1.000 заразени

saso user