Македонија Топ вести

Филипче: Бројот на заразени во Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во Тетово, Гостивар, Штип, Ресен и Битола

Бројот на заразени со Ковид-19 во Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во околината на Тетово, во околината на Гостивар, Штип, Ресен и Битола. Тоа се уште ја одржува бројката на заразени нешто повисоко. Факторот на преносливост заклучно со вчерашниот ден, заклучно со викендот кога ги правивме последните анализи е под 1 и многу е битно така да остане. Апсолутно сите случаи се резултат на непочитување нa мерките,истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека мора сите да сфатат дека само со почитување на мерките ќе се извлечеме од оваа криза. Филипче посочи дека слична е ситуацијата и во регионот каде бројот на случаи е во пораст.

– Така е секаде каде се попуштаат рестриктивните мерки, а не се почитуваат превентивните мерки. Граѓаните мора да сфатат дека маските мора да се носат и само така за пократрко време ќе се спречи трансмисијата на вирусот. Анализирајќи ги општините, градовите, препорачуваме и посебни мерки. Затворање на повеќе конфекции во Штип сериозно влијаеше на намалувањето на факторот на преносливот, затворањето на неколкл фабрики во Ресен исто така. Веројатно ќе беше бројот на заболени многу повисок ако не се изреагираше на тој начин, истакна Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата во Козле.

На прашање колку луѓе може да зарази еден граѓанин со Ковид рече дека тоа зависи од повеќе фактори, прво дали е во рана фаза, од бројот на контакти што ги има во еден ден и бројот на денови кои ги има со истите тие контакти.

– Некогаш кратка средба на дистанца не претставува никаков ризик посебно ако се носат заштитните маски, но секојдневна комуникација повеќе од четири пет дена без дистанца, без маска со еден ист контакт значи висок ризик за трансфер на вирусот, нагласи Филипче.

Во врска со тоа дали на излекувани пациенти им се вратила болеста, истакна дека има еден случај кој треба да се потврди во Куманово.

– Во светот има такви потврдени случаи. На што се должи тоа сега во овој момент науката се уште не одговорила со сигурност. Има некои иницијални докази дека станува збор за некаква форма на мутација на вирусот, каква е таа форма, дали е силна или послабо изрезена се уште немаме доказ. Но, дефинитивно има потврда за појава на рецидив на болеста, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров во работна посета на Италија и Белгија

saso user

Армијата доби донација од Чешката Република

saso user

Почитувани, пациенти, ние сме со вас, порачаа лекарите од протестот (ФОТО)

saso user