Балкан

Фаучи: Непочитувањето на препораките за ковид-19 е рецепт за катастрофа

Наглиот скок на новозаразени со ковид-19 во САД во најголем дел е предизвикан од игнорирање на препораките да се одржува растојание и да се носат маски, нагласи главниот експерт на Управата за инфективни болести на САД.

Дневниот скок на новозаразени е најизразен во јужните и западните сојузни држави, кои не ги следеа препораките на здравствените службеници да чекаат постојан пад на инфекциите пред да се отвори економијата.

– Тоа е рецепт за катастрофа – изјави Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, за Си-Ен-Ен.

– Сега ги гледаме последиците од ширење на заразата во заедница кои е многу тешко да се запрат од ширењето на познати физички локации, како што се затворите, домови за стари лица или погони за преработка на месо – изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.

Во САД има повеќе од 2,5 милиони заразени со новиот коронавирус, , а повеќе од 125.000 луѓе починаа од Ковид-19, и тие бројки се највисоки во светот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Србија: Се обидела да ги отруе откако претходно од нив се задолжила 30.000 евра

saso user

Харадинај за апсењата на Косово: Тоа е операција против шверц и организиран криминал

saso user

На територијата на општината Андриевица ќе се гради првата НАТО касарна

saso user