Спорт

ФФМ ќе го заживува женскиот фудбал

Фудбалската Федерација на Македонија со одлука на Управниот Одбор, започнува процес на изработка на специјализирана стратегија за развој на женскиот фудбал.

Преку овој процес, кој се очекува да трае неколку месеци, ќе бидат опфатени сите заинтересирани страни кои директно или индиректно имаат влијание на развојот во женскиот фудбал во нашата земја. Сведоци сме дека во Европа и пошироко во светот фудбалот е најбрзо растечкиот спорт за жени, и ФФМ како институција одговорна за развојот на фудбалската игра е подготвена да држи чекор со овој тренд, стои во соопштението на ФФМ.

Посочуваат дека женскиот фудбал има свое важно место во десетгодишниот стратегиски план на федерацијата 2016-2021-2026.

– За нас како федерација важни се сите аспекти од развојот на фудбалската игра. Женскиот фудбал сѐ повеќе се наметнува како поле на дополнителен развој, и со цел да ги координираме нашите активности плански и согласно нашите потреби и можности, решени сме да изготвиме документ кој ќе претставува основа на нашата работа на ова поле во следните пет години. Нашата цел е да изготвиме план на конкретни и спроведливи активности, а не само убав документ кој ќе стои на полица. Подготвени сме да ги вклучиме сите заинтересирани страни, со цел да бидеме сигурни дека она за што ќе се обврземе преку оваа стратегија ќе биде релевантно и ќе им помогне на сите засегнати, на сите оние кои и досега неуморно работеа на развој на женскиот фудбал – изјави Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Tројца кандидати за Играч на годината, објави УЕФА

saso user

Јубилејна 250-та асистенција за Меси

saso user

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

saso user