Балкан

Тачи предлага три мерки против кризата: Секој член на семејство треба да добие по 100 евра итна помош

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вечерва оствари средби со граѓани во повеќе населени места во општина Брвеница. Тој порача дека е важно да се спроведат три големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите.

– Мерки за справување со ковид-19 се потребни во клиничката болница во Тетово која мора да добие барем 1 милион евра за да функционира како универзитетска клиничка болница и да го штити здравјето на Албанците. Секој член на семејство треба да добие по 100 евра итна помош за надминување на последиците од кризата. И трето, да се помогне секој од таксист и келнер, до големите бизнис, со помалку процедури – изјави Мендух Тачи во Челопек.

Тој истакна дека лесно е да се избере ДПА на изборите.

– Овие избори се важни, тоа е војна за слобода без оружје за рамноправност. Излезете од дома, понесете маска и пенкало, одете на избирачко место. Заокружете број 1 Мендух Тачи, Господ помогна да бидеме први на листата – истакна Тачи.

Пред присутните зборуваа и останатите кандидати за пратеници од општина Брвеница.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ѓукановиќ: Решавањето на проблемот помеѓу Македонија и Грција може да биде многу благотворно во решавање и на други проблеми од сличен карактер

saso user

Во Црна Гора усвоен законот за слобода на вероисповедта

saso user

Рама и во Лондон го бранеше балканскиот мини Шенген

saso user