Сцена

Се продава станот во кој е роден Че Гевара

Станот каде што се родил славниот јужноамерикански револуционер Ернесто – Че Гевара, оди на продажба.

Местото со површина од 240 квадратни метри, се наоѓа во зграда во неокласичен стил во градот Росарио, Аргентина. Последниот сопственик Франциско Фаруџа го купил 2002 година. Тој имал во план да го претвори апартманот во културен центар, но плановите не му се оствариле, па мора да го продаде.

Цената сѐ уште не е одредена.

„Че“ е роден 1928 година, во богато семејство од средната класа во Аргентина. Се радикализирал, како што и самиот пишува во своите дневници – поради сиромаштијата и гладот што тој ги посведочил патувајќи ширум Јужна и Средна Америка. Тој одигра клучна улога во Кубанската револуција (1953-1959), со која беше соборен лидерот Фулгенсио Батиста.

Од Куба, отишол за Боливија за да ги предводи бунтовниците против претседателот Рене Бариентос Ортуњо. Со американска помош, боливиската војска го заробила револуционерниот водач и другите негови преостанати соборци. „Че“ бил егзекутиран на 9 октомври 1967 година во селото Ла Игуера. Неговото тело е погребано на тајна локација.

Во 1997 година, неговите посмртни останки биле откриени, ексхумирани и вратени во Куба, каде што тој почива.

Приврзаниците на „Че“ и денес го гледаат како пример на посветеност и самопожртвуваност. Неговите противници пак, сметат дека тој бил безмилосен, брутален и суров човек.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Наоми Вотс доживеа нервен слом ВИДЕО

saso user

Дваесеттиот Егзит фестивал ќе се одржи од 13 до 16 август 2020

saso user

Офрлено обвинението за сексуален напад против Кевин Спејси

saso user