Македонија

СДСМ: ДУИ официјално се откажа од концептот „едно општество за сите“

ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите. Жалиме што ДУИ се служи со ваква националистичка реторика и ги поткопува придобивките од Охридскиот Рамковен Договор, се вели во соопштението од СДСМ.

„Времето за поделби е одамна завршено За Коалицијата Можеме и СДСМ одамна не е важно кој на кој етникум припаѓа, туку колку е способен и работи во функција на едно општество за сите и сигурна иднина на граѓаните. Како што тргнале ДУИ, до крајот на кампањата ќе си го сменат и името на партијата. Од Демократска унија за интеграција ќе станат Националистички радикали за дезинтеграција. СДСМ останува столбот на стабилноста, на обединувањето, на заедништвото, на напредокот, на иднината“, се вели во соопштението.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пендаровски денеска напладне ќе го одреди правецот – избори или нова вонредна

saso user

Викендов дожд, грмежи и ветер

saso user

Елези на конференција на УНКТАД: Преку зголемување на трансапарентноста до подобро управување со јавниот долг

saso user