Македонија

Приведен ресенчанец, преку „фејсбук“ се заканувал за поставени бомби на комбиња и автобуси

Во СВР Битола вчера околу 16.20 часот  В.Т. управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки од профил на „Фејсбук“ на М.Ч. дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека ќе бидат активирани.

Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи, соопшти денеска МВР.

Во СВР Битола бил приведен З.Ѓ.(43) од ресенското село Болно, поради постоење основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мицкоски се пожалил кај Мишел за корупцијата и заробеното судство

saso user

Заев објаснува што е „чекан“, а што е „танц“

saso user

Заев: Можно е уште вечер да се знае името на кандидатот за претседател

saso user