Македонија Топ вести Урбани вести

Општина Охрид продолжува со рушење на бесправните градби ,се урива во комплекс Канео

Како што и обзнани редакцијата Охридскај , Општина Охрид ги интензивираше активностите за остранување на бесправните градби долж обалата на Охридското Езеро.Денес се спроведува акција ан остранување на нелегално поставени градби и шанкови во строго заштитено јадро на Охрид , историскиот комплекс „Канео“. Од изутрина силни екипи придружувани од припадници на МВР ги острануваат нелегланите гардби на самата обала на Охридското Езеро, во комплекс Канео.Како што и обзнани редакцијата Охридскај, во текот на наредниве денови акцијата се интензивира и продолжува према плажата „Потшпеш“ ,и месностите викани  „Сараиште“ и „Ј’но“.На барање на сопствениците ,да сами ги остранат нелегалните градби , Општина Охрид им даде рок од 8 дена , а по кој рок сопствениците на дивоградбите повторно не постапиле.Со оглед на тој факт Општина Охрид ќе изврши остранување на сите нелегални објекти, а трошокот за остранување ќе биде на сосптвениците на дивоградби ,кој под страв на присилна наплата ќе мора да го исплатат.

Општина Охрид продолжува со хотикултурното и партерното уредување во месноста Горица 3 и Свети Стефан ,каде беа остранети дивоизградените објекти и како што најавува градоначалникот на Охрид Георгиевски овие плажи ќе се прогласат како градски плажи,а за комуналниот ред ке се грижат Јавните претпријатија од Охрид.

Акцијата за остранување на дивите градби предизвика позитивна реакција кај граѓаните на Охрид, каде акцијата ја поддржуваат 90% од граѓаните , кој само напоменуваат да нема селективност и до колку сега се застане со акцијата , тоа ќе има негативни последици за Охрид.

И покрај безбројните ургенции и закани кој ги добива градоначалникот на Охрид Георгиевски, не подлегнува, кратко изјавува -„Бетонските чудовишта ,мора да ги снема“.

С.Д.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мицкоски лицемерно признава: Да, бев во кафеана, не сум лицемер и подготвен сум да платам парична казна!

saso user

Македонка од Швајцарија ги прекршила мерките за заштита

saso user

Сончево утро, попладне пороен дожд

saso user