Македонија Топ вести

Нова епизода Мицкоски – Кичеец: Мијалков во 2018 година дал 5.000 евра за автобуси за опозициски митинг?!

Нов дел од снимката од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, се појави на Јутјуб.

Во новата снимка, Милески потврдува дека и Сашо Мијалков бил еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ со донации од по 5.000 евра, за покривање трошоци за автобуси. Мицкоски го наведува 2 јуни, датумот кога тој држеше говор на митинг пред владата во 2018 година.

Претходно, портали блиски до СДСМ објавија вест дека на вечерата во Боемска улица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил во придружба на Ален Зекиров, поранешен телохранител на Сашо Мијалков, кога тој беше прв човек на УБК.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Димовски може да шета колку сака , Апелација му го вратила пасошот

saso user

Дуковски пред Апелација: Вршат тортура врз Јовановски во затвор расадник на бактерии

saso user

Адеми: На сведителствата треба да стои Република Северна Македонија

saso user