Сцена

Леди Гага е бремена? Пејачката носи чудна облека ФОТО

Леди Гага (34), ужива со своето момче Мајкл Полански (42), со кого е во врска од февруари. Пејачката била фотографирана со Мајкл во саботата во Малибу, Одат на шопинг, а таа носеше пица во рацете.

Сепак, кога и да ја фотографираат папараците, луѓето сѐ повеќе се изненадуваат од нејзиниот изглед и најчестото прашање што го поставуваат е – што се случило со пејачката?

Веќе извесно време Гага е мета на критики заради нејзиниот изглед, фановите ја критикуваат дека се здебелила. Но, поради последните фотографии, нејзините обожаватели мислат дека не се во прашање вишокот килограми, туку дека пејачката е бремена.

Имено, Гага повеќе не води сметка како излегува од дома, и не ѝ е грижа што постојано покажува повеќе отколку што треба да се покаже, но не на секси начин.

Облечена во ултра кратки панталони, кои повеќе наликуваат на гаќи и со огромен дуксер преку нив, носела пица во рацете. Веднаш по објавувањето на фотографиите се појавија шпекулациите дека Гага е бремена, и дека со огромниот дуксер сака да го скрие трудничкиот стомак.

 

 

FOTO: Instagram

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонскиот фудбалер Митревски се ожени со хрватската пејачка Лана Јурчевиќ ФОТО

saso user

По смртта на сопругот Тајчи повторно вљубена, во врска е со американски музичар ФОТО

saso user

Трамп: Можев да спијам со леди Дијана, жал ми е што тоа не се случи

saso user