Македонија

Болничарка од Куманово пред да дарува плазма дознала дека е повторно заразена

Болничарка и медицинска сестра од кумановската болница по вторпат го прележуваат вирусот ковид-19. Според изјавите на директорката на болницата, Снежана Захариева, двете вработени се позитивни на корона вирус по вторпат

Болничарката на очното одделение се лекувала првиот пат од корона вирусот дома, но примала и  лекови, бидејќи имала симптоми на болеста. По излекувањето, таа се јавила да донира плазма. Но  проверките пред донирањето покажале дека таа е повторно заразена со вирусот.

Според изјавите на д-р Захариева, оваа вработена има благи симптоми на болеста.

Освен неа, повторно заразена со ковид-19 е  и нејзината колешка од хирургија – медицинска сестра која откако се вратила од странство пред околу два месеци,  во април, дознала дека е позитивна, но немала никакви симптоми на болеста. По две недели, двата теста кај сестрата биле негативни.

И оваа пациентка по извесно време повторно добила симптоми на инфекција со корона вирусот, а тетсот покажало дека е позитивна.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 22.08.2019 година

saso user

Петнаесетгодишно девојче е извлечено со хеликоптер од Селечка Планина

saso user

Премиерот Заев испрати писмо со изрази на сочувство за трагичната несреќа на аеродромот во Москва до Претседателот на Владата на Руската Федерација Медведев

saso user