Македонија Урбани вести

Паскали: Обезбедивме праведна држава, време е за правна држава

Изјава на Васко Паскали, секретар на СДСМ Охрид, на тема: „Обезбедивме праведна држава, време е за правна држава.“

Почитувани сограѓани, почитувани охриѓани

Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.

Покажавме дека македонското општество и нашите граѓани можат да бидат и солидарни и грижливи, дека може да се помогне на секоја индивидуа или заедница на која тоа и е потребно.

Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници, воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работнции добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање. Благодетот од овие мерки го почувствуваа и голем број наши согражани.

Направивме пресврт и разлика, од општество во кое ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството на луѓето, особено кон сиромашните и стечајците, денес станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права.

 Почитувани, Време е за ред, правда и дисциплина

За три години изградивме праведна држава која се грижи за сите особено за најранливите, време е да изградиме праведна држава.

Нема веќе одложување. Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители.

Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Време е за ред и дисциплина во сите институции!

Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.

Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Во администрација ќе работат тие што се подготвени целосно да им служат на граѓаните.

Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.

Системот на патни трошоци покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници. Затоа, системот ќе го промениме од корен. Ниту еден пратеник нема да добива патни трошоци за патување од Скопје до дома. Собранието ќе обезбеди станови од околу 50 м2 за секој пратеник да може да остане во главниот град во текот на неделата.

И на овие избори СДСМ нуди грижа за сите, ВМРО-ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. СДСМ нуди професионални инситуции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси.

На 15 јули, заокружете број 3 . Во нашата Изборна Единица 5 на листата се и луѓето кои се со мене: Жаклина Лазаревска и Лазе Таневски. Да ги поддржиме и да гласаме за нив и за нашата иднина.

На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во правдна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство. – истакна Паскали.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Предлог-законот за класифицирани информации денеска во Собранието

saso user

Политички инструиран пироман подметнал пожар во очи конвенцијата на Пендаровски

saso user

ФФМ ги предаде амбулантните возила во трајна сопственост на Градската болница

saso user