Македонија Урбани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Агенцијата за вработување преку зајакнување на капацитетите ќе стане модерен сервис на компаниите и граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ со посветена работа и реализација на голем број реформи, политики, мерки се обврзува на остварување на стратегиските определби. Кога станува збор за невработеноста, имаме состојба на висока невработеност, додека од друга страна работодавците се жалат на недостиг од мотивирани и квалитетни работници.

Со оглед на фактот дека емиграцијата ја намалува расположливата работна сила, оправдано стравуваме од тоа дека набрзо би можеле да се соочиме со недостиг на квалитетна работна сила, што би било сериозна препрека за планираниот раст на домашните и странските бизниси и привлекувањето на странски инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се случи тоа и затоа ќе се залагаме за зголемување на квалитетот на работната сила, пред сè, преку формалното образование, обуки на работното место и образование за возрасни. На тој начин ќе ја намалиме невработеноста, а ќе се влијае врз раст на продуктивноста на македонските работници, која пак, ќе резултира со понатамошен раст на платите.

Се обврзуваме до крајот на 2024 година да ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 10% што значи дека во следните четири години во Македонија ќе креираме најмалку 80.000 нови работни места.

При тоа, ранливите категории на граѓани ќе добијат силна поддршка за вклучување во пазарот на труд, додека младите луѓе од 15 до 29 годишна возраст ќе добијат зголемени шанси да најдат работа и да не застари нивното знаење и вештини.

Пакет мерки и услуги за вработување ќе добијат и лицата без квалификации односно лицата со ниско образование, како и долгорочно невработените лица и корисниците на социјална парична помош.

Се обврзуваме и за подобрување на условите за работа од дома. Стабилното вработување е нашата цел затоа што така се зголемува социјалната сигурност на работниците.

Агенцијата за вработување преку зајакнување на капацитетите ќе стане модерен сервис на компаниите и граѓаните. Така пазарот на труд ќе стане поефикасен и ќе се подобри бизнис-климата во државата.

14 за ефикасен пазар на труд!

14 за социјална сигурност на работниците!

14 за подобрување на бизнис-климата во државата!

15-ти јули е денот кога започнува Обновата на Македонија!

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Филипче: Ги подобруваме условите во јавното здравство и покрај пандемијата од ковид-19, Клиничкиот кампус доби сосема нов лик

saso user

Пендаровски: Вистинското место за лидерска е кај мене

saso user

Нема веќе бебиња во Мајчиниот дом во Битола, сите се сместени во групни домови

saso user