Досие Македонија Топ вести

Ахмети да одговори, што знаел Шќипоња што придонесе тој да биде убиен?

Во 2016 година ,објавив напис под наслов „Што знаел Шќипоња што придонесе тој да биде убиен?“, на ова прашање Али Ахмети, премолчи! Во 2020 година, кога Ахмети на голема врата промовира нова уцена – „ Премиер Албанец“, сакајќи на мала врата да ја протне идејата за Голема Албанија, редно е да даде многу одговори. Дали Ахмети ќе има доблест да даде одговри на безброј негови ликвидации?!

Што знаел Шќипоња што придонесе тој да биде убиен?

Недоразбирањата во ДУИ помеѓу милитантното крило и крилото на Али Ахмети кулминираат последните три години. Во неколку наврати ветераните на ОНА вклучувајќи го и вујкото на Али Ахмети, Фазли Велиу, имаа низа недоразбирања во нивното седиште во Мала Речица, дури во неколку наврати едвај е спречена употреба на огнено оружје.

Али Ахмети, по објавувањето на „бомбите“ на СДСМ (мал дел) создаде голем револт во членството на ДУИ, посебно во делот на ветераните кои ја создадоа и партијата и него, па така оние кои се бореа за правата на Албанците, Ахмети успеа да ги отргне од себе и во ДУИ да преовлада тендерско-шверцерската струја која зад себе има дебело меѓународно криминално досие.

Последниот настан во Куманово со убиството на висок функционер на ДУИ, командант Шќипоња (сомнително сите настани се случуваат во Куманово) каде видни членови на ДУИ се пресметуваа најнапред физички, а потоа и со употреба на огнено оружје, иако според закон во Република Македонија носење огнено оружје на јавно место е строго забрането освен за припадници на безбедносните сили кои во тој момент се на работно место.

Јавното обвинителство излезе со соопштение дека од слобода се лишени две лица за извршено кривично дело „убиство“. Притоа Обвинителството немало предвид дека како што ги нарекува екс министерката Грдана Јанкуловска „индијанците“, предизвикале и поголема општа опасност по животот на граѓаните на Куманово и среќа е тоа што во престрелката не се погодени случајни минувачи или гости во барот.

Тоа што ДУИ е коалиционен партнер на Владата, овој настан и оние претходните во Диво насеље, каде ДУИ има вмешано прсти, не може да ја оттргне одговорноста на Али Ахмети како и на целокупниот министерски ешалон на ДУИ од ваквите немили настани.

Во најмала рака Ахмети треба да замине од Владата, тој и неговата политичко-шверцерска група да поднесат оставки и да престанат да го деградираат албанскиот етникум со нивните нејасни забегани методи на сеење страв, омраза и перманентни убиства.

Што знаел Шќипоња и со што не се согласувал за шверцерското крило на ДУИ што придонесе тој да биде убиен?

 

Сашо Денесоски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Извадок на дневни настани на МВР за ден 16.05.2019 година

saso user

Регистриран сомнителен случај на мали сипаници

saso user

Термините за лични карти и пасоши се поместуваат после полицискиот час

saso user