Мода

Фламенко мода во современа колекција костими за капење (ГАЛЕРИЈА)

Women’secret оваа сезона ја оживува повторно фламенко модата во колекција која ги комбинира модерните полка точки и контрастните рики во безвременски тонови на темно сина, бела, сина, црвена и кафена.

Колекцијата нуди повеќе различни модели на бикини – со полнет горен дел, дебели прерамки, асиметричен крој, итн. Новитет овој пат е што горниот дел кај сите костими е направен на ист начин како градниците на брендот со што се овозможува истата удобност.

Едноделните костими за капење се софистицирани со интересен крој, дезен и странични елегантни панделки. Некои од нив се вистински модни парчиња кои можат да бидат и одличен дел од некој летен, вечерен изглед.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ова е кошмар за глобалната модна индустрија

saso user

За модерни мажи: Предлози на совршени чевли за Вашата свадба (ГАЛЕРИЈА)

saso user

Со атрактивна фотосесија „Dias“ ја претстави новата женска колекција (ГАЛЕРИЈА)

saso user