Мода

MANGO со нов проект „Life in Bloom” (ГАЛЕРИЈА)

Во обид да го врати ентузијaзмот во нашите животи и со позитивни мисли да го започнеме новото поглавје, Mango ја лансира кампањата „Life in Bloom”. Oвој проект го рефлектира актуелниот контекст, кога после месеци од социјално дистанцирање, со обновена енергија сè повеќе се насочуваме кон природата, кон оние кои ни се блиски и да го цениме многу повеќе она што светот има да ни го понуди.

Познатиот моден фотограф Cass Bird, ја доловува сензибилноста и спонтаниот стил преку фотосесија направена во Аргентина. Во ова летно опкружување фото моделите Andreea Diaconu, Kaya Wilkins, Jill Kortleve, Oumie Jammeh, Boyd Gates и Anders Hayward се главните протагонисти во моменти на споделена радост.

Женските модели од колекцијата за лето 2020, која е 100% одржлива колекција,  се направени од природни материјали во разиргани бои дополнети со цветни дезени. Боите како црвена, жолта и пастелна розова се тука за да придонесат за подобро расположение, додека пак силуетата на моделите – балон ракави, , карнери и широки здолништа се отсликување на богатствата и разновидноста на природата. Пуплинот е доминантен материјал во колекцијата за ова лето.

Посетете ги продавниците на Mango во Скопје Сити Мол и ГТЦ, како и веб страницата www.fashiongroup.com.mk  и откријте ја целата летна колекција со неодоливи парчиња.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ријана издаде нов колекција женска долна облека Лос Анџелес

saso user

„Паметен фустан“ покажува кога жената ја допираат без нејзина согласност ВИДЕО

saso user

Четири работи кои козметичарката нема да Ви ги каже кога се во прашање веѓите

saso user