Спорт

Ди Марија е среќен што не преминал во Барса

Офанзивниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија призна дека можел да се пресели во Барселона во 2017 година, но на крајот останал во француската престолнина.

Сепак, тој беше изнервиран од негативниот одговор на неговиот тим за понудата на Каталонците. Аргентинскиот крилен играч беше играч на Реал Мадрид четири години од 2010 до 2014 година пред да се пресели во Манчестер Јунајтед.

– Отсекогаш сум бил среќен во ПСЖ. Барселона се обидуваше да ме привлече. Клубовите преговараа, но ПСЖ одби. Оваа ситуација ме вознемири многу, но мило ми е што не заминав затоа што сум среќен во Париз. Сакам да ја завршам кариерата во ПСЖ – изјави Ди Марија за „Екип“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ограбена куќата на Умтити за време на натпреварот Барселона – Валенсија

saso user

„Златната топка“ е за Лионел Меси, официјализацијата утре

saso user

Роналдо по триумфот над Милан: Тежок натпревар, важна победа

saso user