Свет

Версај ги отвори вратите

Еден од најпосетуваните замоци во светот, се отвора по повеќе од 80 дена карантин. Версај, култното место во Франција, претпрпе големи финансиски штети особено поради отсуството на американските и азиските туристи кои сочинуваат 30 проценти од посетителите.

Од осум милиони посетители годишно на Версај, 80 проценти доаѓаат од странство, така што моделот за економско финансирање се распадна целосно за време на мерките за карантин.

„Министерството за култура е свесно дека Версај, како и Лувр, треба да бидат поддржани од државата затоа што во одржувањето на палатата се вклучени 68 различни компании, вклучително и оние кои се занимаваат со специјализирани занаети, како што се мали свилени компании од Лион“, објаснила директорката, Кетрин Пегард.

Таа кажа дека на секој час градините, огромниот парк и замоците на Трианон и Марли ќе можат да ги посетуваат 500 посетители, што значи дека ќе ќе прима максимум 4.500 посетители на ден.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Турција уапсени 43 лица осомничени за планирање напади

saso user

САД го поздравија руско-турскиот договор за Идлиб

saso user

Пуџдемон ослободен без кауција

saso user