Свет

Светски ден на животната средина

И оваа година меѓународната заедница го посвети 5-ти јуни, денот на животната средина на  заштита на биолошката разновидност повикувајќи на акција против забрзаната загуба на видовите и деградацијата на природниот свет. Велиме, „Време е за природата“ бидејќи еден милион растителни и животински видови исчезнуваат, главно како резултат на човечки активности. Биолошката разновидност игра клучна улога во одржување на функционалноста на екосистемите со што се обезбедуваат конкретни добра и услуги од пресудно значење за човекот. Обезбедување здрава храна, вода, лекови и чист воздух се само некои од основните услуги, веројатно познати на секој човек, што ги добиваме од екосистемите. Самите процеси што се одвиваат во нив имаат благотворно дејство врз човекот – го штитат од поплави, ерозија, климатски промени. На крај, нешто непроценливо што му се нуди на човештвото, а не може да постои доколку нормалното функционирање на екосистемите е нарушено од какви било фактори, е можноста да уживаме и да се рекреираме во природата. Сите промени што влијаат врз биолошка разновидност, автоматски влијаат и врз функционалноста на екосистемите, а со тоа и врз човековата благосостојба.

Како се развиле нашите економски системи и какво е нивното влијание врз животната средина се прашања кои светот не може да ги избегне дури и додека се справуваме со пандемијата на коронавирус и тековната климатска криза.

И покрај тоа што нашата држата поседува значаен геодиверзитет и биодиверзитет кој е резултат на разновидноста на релјефот, климатските, еколошките, хидролошките и педолошките карактеристики уште поважно е да преземеме навремени акции за нивна заштита бидејќи во спротивно неконтролираните човекови активности ја нарушуваат природната рамнотежа и се директна причина за многу несакани појави.

Биолошката разновидност во нашата држава се карактеризира со богатството и хетерогеност на видовите и екосистемите и високок степен на реликтност и ендемизам. И покрај фактот што диверзитетот на флората и фауната во нашата држава сѐ уште не е целосно проучен, сепак, според расположливите сознанија, покажува огромно богатство – над 23.019 таксони од кои 2.095 видови алги, 2.000 видови габи, 450 вида лишаи, 3.200 васкуларни растенија и 500 видови мовови, 13.379 безрбетни животни и 555 вида рбетни животни.

И токму, по повод 5 Јуни, од страна на IUCN одобрен е грант, и во најскоро време ќе започне  изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро, како и Нацрт-План за управување со идниот Национален парк Шар Планина.Проектот ќе биде спроведен од страна Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO) во соработка со МЖСПП и УНЕП, а со учество на  меѓународни и национални експерти.

Останува сите општествени чинители на национално и локално ниво, вклучувајќи го граѓанскиот сектор, училиштата и секој поединец да преземат акција за ревитализација и заштита на природните екосистеми, бидејќи Време е природа!

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вооружен маж киднапирал авион за Дубаи

saso user

Австријците дневно подигнуваат 600 милиони евра во кеш

saso user

Во САД, 695 случаи на сипаници, најголем број од 2000 година

saso user