Свет

СЗО: Носете маски од ткаенина

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги ажурираше своите упатства и им препорача владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина во јавност во области каде постои ризик да го пренесат ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата.

Во своите нови упатства, поттикнати од докази од студии спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека маските за лице се само една од низата алатки кои можат да го намалат ризикот од пренесување на вирусот и не треба да даваат лажно чувство на заштита.

– Ги советуваме владите да ја охрабрат јавноста да носи маски. И тоа маска од ткаенина, односно не медицинска маска – рече експертот за ковид-19 во СЗО, Марија Ван Керков.

– Имаме нови истражувачки сознанија – додаде таа.

– Сега имаме докази дека ако се користи правилно, маската може да обезбеди бариера … за потенцијално заразните капки – посочи Керков.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фон дер Лајен: ЕУ обезбедува над 15 милијарди евра за борба против Ковид-19 во трети земји

saso user

Иранскиот сателит Зафар не стаса во орбитата

saso user

Драматично спасување на туристка на Крит, доказ дека одморањето на душек е опасно ВИДЕО

saso user