Свет

Кауција од милион долари за тројцата полицајцте кои помагаа во убиството на Џоџ Флојд

Судот во Минеаполис одреди кауција од  еден милион американски долари за тројцата полицајци од овој град, кои се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорд Флојд, Афроамериканецот кој почина откако нивниот колега Дик Шовин речиси девет минути му клечеше на вратот.

Казната за тројцата полицајци, кои вчера за првпат се појавија пред судот, ќе може да се намали на 750.000 долари, но под одредени услови, вклучувајќи го и губењето на правото за носење на какво било лично оружје, пренесуваат британските медиуми.

Следното рочиште судијата го закажа за 29 јуни.

Откако вчера се појави наодот од обдукцијата на Флојд, според кој тој починал од срцев удар, Томас Лејн, Александар Куенг и Ту Тао се обвинети за помагање и поттикнување на убиство од втор степен и убиство од небрежност од втор степен.

Доколку бидат осудени, на тројцата им се закануваат казни од 40 години затвор.

Шoвин, полицаецот кој клечеше врз вратот на Флојд пред да умре, е обвинет за убиство од втор степен и ќе се појави на суд во понеделник.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина екс претседателот на Франција, Жак Ширак

saso user

Хоган ќе се кандидира за претседател на СЗО

saso user

Набргу договор за признавање на четири дипломи на Балканот

saso user