Македонија

Кандидатите за ректор на УКИМ бараат да прекине постапката за избор на ректор

Со оглед на денешните бројки на инфицирани и активни случаи во Скопје, одржување на избори за ректор во услови на  вонредната состојба значат прекршување на здравствените мерките и препораките определени со уредбите на владата и насоките на ДКСК. Гласањето за Ректор и физичкото присуство на околу 2.000 професори и студенти во овие услови значи  директно загрозување на здравјето на сите професори и студенти, посебно кога се забранети јавни собири над 20 луѓе, бидејќи со гласањето голема е веројатноста професорите, студентите и членовите на нивните семејства да се заразат, со што УКИМ ќе биде нов кластер на зараза.

Членовите на Комисијата за избори на УКИМ доколку не ги стопираат изборните дејствија додека трае вонредната состојба и без Претседател на Сенат, прават кривично дело во смисла на член 205 и 206 од КЗ (кривични дела против здравето на луѓето) и 353 (злоупотреба на службената положба и овластувања).

Трагично е  еден лекар кој е сегашен Ректор и како што најави во медумите кандидат за иден ректор, наместо да се грижи за здравјето на професорите и студентите, презема дејствија на загрозување на здравјето преку насилни избори за негов втор мандат по секоја цена.

Ние кандидатите за ректор, професорите Вујица Живковиќ, Петар Атанасовски и Драги Димитриевски, во овој момент бараме постапката за избор на ректор да прекине. Кога ќе се создадат побезбедни услови, во една нова законска и статутарна постапка, со нов Сенат и претседател на Сенат да започне нова постапка. Време имаме до 15 септември.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев со писмено упатство до членството: Да зборуваме само за успесите, а за грешките после победата

saso user

АБ НЕМОРАЛНА ЗАТУРОВСКА ГОВОРИ ЗА ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ ОД КАКО ЦЕЛИОТ ГО УПОСТОШИЈА!?

saso user

Оставката стигна во парламентот, на потег е Пендаровски

saso user