Бизнис

Бентли отпушта до илјада работници

Британскиот производител на луксузни автомобили „Бентли“, кој е во сопственост на германскиот „Фолксваген“, денеска соопшти дека планира да отпушти илјада работници, односно близу една четвртина од својата работна сила.

Ова не е единствениот ваков случај во автомобилската индустрија која е погодена од пандемијата на Ковид-19. Отпуштања веќе најавија и домашниот конкурент на Бентли, Астон Мартин и застапништвото за продажба на автомобили „Лукерс“, по што без работа ќе останат до две илјади луѓе.

Бентли, фирма која е стара веќе еден век, соопшти дека на заинтересираните работници им нуди програма за доброволно заминување, но оти во иднина не се исклучени присилни отпуштања

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Зголемувањето од 722 денари легна на сметките на пензионерите

saso user

Сите постапки за субвенционирање инвертери до крајот на месецов

saso user

„Фајнанс тинк“: И економските власти треба да реагираат како и здравствените по ризиците од коронавирусот

saso user