Спорт

Фудбалерот на Јунајтед се разбудил од кома и мислел дека е холивудски актер и зборувал француски ФОТО

Некогашниот напаѓач на Манчестер jунајтед, Рори Куртис доживеал сообраќајна несреќа во 2012 година после која шест дена бил во индуцирана кома.

Лекарите биле шокирани кога Рори се разбудил од кома и почнал да зборува на течно француски јазик!

– Не знам како се случи тоа. Одеднаш почнав да зборувам на француски јазик, почнав да опишувам како се чувствувам. Тој јазик воопшто не го зборував добро во средно училиште, не знам како мојот мозок направил такво нешто! – истакнал Рори Куртис.

Овој поранешен фудбалер на Јунајтед потоа ги насмеал сите присутни во емисијата, открил дека мислел дека е славниот холивудски актер:

– Мислев дека сум актерот Метју Меконахи! Се сеќавам дека размислував за тоа колку одвај чекам да ја напуштам болницата за да се вратам на снимањето филмови! – рекол Рори.

Фудбалерот се здобил со тешки повреди на главата, а првите прогнози воопшто не ветувале. Лекарите мислеле дека тој повеќе нема да оди и да зборува како порано, но неговото закрепнување ги изненадило сите.

Рури бил на радарот на Манчестер јунајтед уште кога имал 13 години, кога станал полнолетен потпишал договор за Волсол, но набрзо потоа го оставил фудбалот.

 

 

BBC Sport

@BBCSport

When Rory Curtis awoke from his coma, he couldn’t remember his past as a promising teenage striker at Manchester United, but he could speak fluent French.

His story: http://bbc.in/3gIztE7 

View image on Twitter
https://www.youtube.com/watch?v=naDdTa_FTKY&feature=emb_title
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со 50.000 евра за кршење на финансискиот фер-плеј

saso user

КК Работнички по 10-ти пат го освои кошаркарскиот куп на Македонија

saso user

Ди Франческо размислува за оставка по елиминацијата од ЛШ

saso user