Сцена

Том Крус гради село без коронавирус

Том Круз гради цело село на напуштената писта на РАФ во Оксфордшир, Велика Британија, за да може да продолжи со снимањето на седмото продолжение на „Невозможна мисија“, пишува „Дејли мејл“.

57-годишниот актер и продуцент и неговите колеги ќе бидат сместени во луксузни кампери на Винебаго, а до сетот ќе доаѓаат преку специјално проектирани балони за да се намали контактот со другите членови на екипата, а со тоа и можноста за зараза со коронавирусот.

„Невозможна мисија 7“ требаше премиерно да се прикаже во јули 2021 година, но тој датум беше преместен за 19 ноември кога пандемијата ја избрка целата екипа од Венеција во Велика Британија по што снимањето беше прекинато.

Луксузната населба е потребна и поради тоа што повеќето хотели се затворени, така што сите филмски sвезди ќе живеат заедно за време на снимањето. Ваквото решение е мошне скапо, но Том Круз е познат по тоа што прави сé прави подобро и потемелно од другите. Филмовите од серијалот „Невозможна мисија“ секогаш се голем хит и заработуваат многу пари, па затоа и на студиото „Парамаунт“ му е важно да продолжи снимањето што е можно побрзо – рекол еден од членовите на филмската екипа.

Филмската екипа снимаше во Венеција кога епидемијата се разгоре и сите беа итно пренесени во Велика Британија. Покрај Том Круз, кој повторно ќе го отелотвори агентот Итан Хант, во филмот играат и Сајмон Пег, Алек Болдвин, Ванеса Кирби и Ребека Фергусон.

FOTO: Paramount Pictures

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меколи Калкин после многу време доби голема улога ФОТО+ВИДЕО

saso user

Концертот на „Електрични оргазам“ во Скопје презакажан за 24 јуни

saso user

Почина авторот на „Пинки и Мозокот“ и „Аниманијаци“

saso user