Спорт

Поранешен асистент на Гвардиола: Ако ја изгуби довербата од фудбалерите, ќе си замине

Поранешниот асистент на Пеп Гвардиола, Доменех Торент изјави дека екс тренерот на Барселона и Баерн Минхен ја напушта својата работа кога ја губи довербата од своите фудбалери.

Медиумите во Англија пишаа дека Пеп ќе започне да размислува за уште еден потег и „ќе бара нови работи“ кога ќе ја изгуби целосната поддршка од своите фудбалери.

Тренерот на Сити никогаш не престојувал премногу долго во една од неговите екипи, а сега се ближи до крајот на својата четврта сезона на „Етихад“.

Не се очекува Сити да игра во ЛШ следните две години по казната од УЕФА, но „граѓаните“ ја обжалија одлуката на европскиот штаб.

Според Торент, Пеп е најдобар кога сите околу него мислат како него. Ако 49-годишниот тренер смета дека ситуацијата околу него не е добра, најверојатно ќе го напушти Островот, вели Торент.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ибрахимовиќ се повреди на тренингот на Милан

saso user

МЗТ Скопје се врати на лидерската позиција на табелата во Првата лига

saso user

Шкендија против Номе Калју од Естонија во првото квалификациско коло за ЛШ

saso user