Спорт

Челзи се обидува да го му го „украде“ на Ливерпул германскиот напаѓач

Германскиот напаѓач и ѕвезда на Лајпциг, Тимо Вернер, во неколку наврати сезонава изрази желба за трансфер во Премиер Лигата и соработка со Јурген Клоп. Сигурно е дека Вернер на лето ќе ја промени фудбалската средина, но сè уште не се знае која ќе биде неговата следна дестинација.

Сепак, според англиските медиуми Ливепрул не сака да ја плати сумата од повеќе од 50 милиони евра за Германецот, со оглед на тоа дека неговиот договор во Лајпциг истекува следната година. Таквата ситуација и стопирањето на преговорите помеѓу него и идниот англиски шампион, го алармираше Роман Абрамович и го врати Челзи во игра за услугите на младиот шпиц.

Во борбата за потписот и разубедувањето, се вклучи и дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, кој беше негов соиграч во Штутгарт. Наводно Рудигер телефонски се слушнал со Вернер и му ги објаснил амбициите на Лампард.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бразилецот Толедо нов ракометар на Вардар

saso user

Во Барселона пријавени загуби од 120-140 милиони евра поради коронавирусот

saso user

Солари: Реал секогаш има повеќе кандидати од Џулија Робертс

saso user